Училиштата во 10 градови и провинции во Турција, кои беа погодени од денешниот разорен земјотрес, ќе бидат затворени една недела, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај. Станува збор за училишта во градовите и провинциите Кахраманмарас, Хатај, Газиантеп, Османије, Адијаман, Малатија, Шанлиурфа, Адана, Дијарбекир и Килис, јавува Би-Би-Си. Октај рече дека летовите до и од аеродромот во […]
Земјотрес со јачина од 7,8 степени рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 1.000, а уште толку се повредени. Во […]
Нов земјотрес со јачина од 7,5 степени претпладнево ја стресе одново Турција и донесе нови проблеми. Работата на спасувачките екипи е дополнително отежната. Социјалните мрежи се преплавени со видеа од земјотресите, а моментот на новиот силен земјотрес беше фатен и при директен телевизиски пренос. На снимката се гледа како се рушат згради при новиот земјотрес, […]
Најмалку 1.388 луѓе загинаа низ Турција и Сирија, по огромниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја зафати јужна Турција рано во понеделникот, при што беа повредени уште илјадници луѓе во двете земји. Според сириската државна новинска агенција, која исто така објави најмалку 1.042 повредени, во Сирија загинале најмалку 476 лица, […]
Иако според сите досегашни истражувања не може да се предвидат земјотреси, научник од Холандија на 3 февруари го најави она што точно се случи во Турција во понеделникот. Холандски истражувач од институтот SSGEOS пред три дена најави можност за силен земјотрес токму во областа каде што се случи во понеделник наутро. Иако е невозможно да […]
Два силни земјотреси претпладнево повторно ја стресоа Турција. Според информциите од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е со јачина од 7,7 степени и е на седум километри од Елбистан, односно на 67 километри од градот каде беше епицентарот на утринскиот земјотрес со јачина од 7,8 степени. Длабочината е два километри. Временската разлика меѓу двата силни потреси […]
Германија ќе испрати помош за регионите погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија, кој однесе стотици животи. Ова го изјави сојузниот канцелар Олаф Шолц. Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави дека Франција е „подготвена да обезбеди итна помош за населението“ во Турција и во Сирија Тој изрази сочувство до роднините на загинатите. „Изразувам […]
Расте бројот на жртви во разораниот земјотрес кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција. Според изјвавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во земјата животот го загубија 912 лица. Во Сирија пак, загинаа 320 лица. Ердоган истакнал дека досег се регистрирани над 5.380 повредени лица.
Сеизмолозите оценуваат дека земјотресот што синоќа ги погоди Турција и Сирија би можел да биде најсилниот во историјата на Турција. Сеизмологот од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Стивен Хикс изјави дека претходниот голем земјотрес, исто така со интензитет од 7,8 степени е регистриран во североисточна Турција во декември 1939 година, при што загинаа 30.000 луѓе. Во […]
Според најновите податоци загинаа најмалку 670 лица во Сирија и во Турција како последица на силниот земјотрес регистриран утрово во близина на јужниот турски град Газиантеп. Се стравува дека бројот на жртвите ќе продолжи да се зголемува. Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 239 лица во областите под контрола на претседателот Башар […]