Џип со странски таблички усмрти велосипедист во Тетово, возачот побегнал

Шеесет и седумгодишен маж од Џепчиште кој управувал велосипед загина кога во него се забил џип со швајцарски регистерски ознаки, по што возачот побегнал.

Според информациите, несреќата се случила во саботата, а случајот бил вчера пријавен во полицијата.

Велосипедистот (З.М.) бил прегазен на кружниот тек помеѓу улиците Иво Лола Рибар и Благоја Тоска во Тетово. Во несреќата, мажот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, по што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

По насоки на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа и се преземаат мерки за расчитување на случајот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ