Хеликоптер на МВР го гаси шумскиот пожар кај село Делогожди, Струга. Шумата се запалила од претходно избувнатиот пожар на блиската депонија.
На терен се две противпожарни возила, четворица пожарникари и шестмина вработени од ЈП Национални шуми, подружница „Јабланица“ од Струга.
Заради опасноста од проширување на пожарот кон место што е непристапно за гаснење на пожарот од земја, побарана е воздухопловна поддршка.