Хорор во Србија: Татко во Ниш обвинет дека си ја силувал ќерката, таа забременила и родила девојче

По наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, во траење до 48 часа му е одреден притвор на Б.М. од Ниш, поради сомнение дека сторил кривично дело силување.

Во рок од 48 часа осомничениот ќе биде сослушан во тоа обвинителство за сите околности на настанот, објавено е на веб-страницата на обвинителството.

Според медиумите, Б.М. ја силувал својата ќерка. Според неофицијални информации, се сомнева дека девојчето останало бремена и родило девојче.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ