Иран вечерва ги откажува сите летови

Иран ги откажува сите летови од 21 часот вечерва до 6 часот наутро во понеделник, објавија државните медиуми, цитирајќи го портпаролот на Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран.

Летовите се откажани поради оперативни ограничувања, додаваат тие.

Тоа доаѓа поради стравувањата од можен израелски напад по одмазднички ракетен напад на Иран против Израел минатата недела.

Во вторникот, иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) истрела околу 200 ракети врз Израел како одговор на нападите во кои беа убиени шефот на Хезболах Хасан Насрала и највисокиот генерал на ИРГЦ Абас Нилфорушан.

Ракетниот истрел во вторникот беше втор директен напад на Иран врз Израел. Тоа беше, исто така, како одмазда за убиството на палестинскиот лидер на Хамас Исмаил Ханије на 31 јули во Техеран, за кое беше обвинет Израел.

Во саботата, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди на „пропорционален и сличен одговор од Иран, а уште посилен“ доколку Израел нападне.

Во неделата, министерот за нафта Мохсен Пакнеџад посети клучна нафтена локација во Персискиот Залив поради зголемените стравувања од можни израелски напади врз иранските нафтени постројки.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ