Израелската армија повика на евакуација на 37 села и градови во јужен Либан

Утринава израелската армија ги предупреди жителите на 37 села и градови во јужен Либан веднаш да се евакуираат и да се упатат северно од реката Авали.

„За ваша безбедност, мора веднаш да ги евакуирате своите домови. Секој што е во близина на оперативците на Хезболах, нивните објекти или нивното оружје се изложува себеси на ризик“, рече портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Авичај Адри.

Тој на платформата „Х“ изјави дека израелската армија нема намера да му наштети на либанското население, туку само на милитантната група Хезболах, како и наредба да се евакуираат северно од реката Авали за нивна безбедност.

„Секоја куќа што ја користи Хезболах за своите воени потреби се очекува да биде цел. Евакуирајте ги вашите домови веднаш. Бидете внимателни, забрането ви е да одите на југ. Секоја насока кон југ може да ве доведе во опасност“, предупреди Адри.

Тој посочи дека израелската армија ќе го информира населението кога ќе биде можно безбедно да се врати дома, пренесува Танјуг.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ