Автопатиштата во Македонија би можеле да преминат на нов електронски систем за наплата на патарините, без потреба од физички наплатни рампи.
Со овој систем, возилата ќе можат да се движат без запирање, а висината на патарината ќе се пресметува врз основа на изминатите километри.
Министерот за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека законските измени се во напредна фаза, а нивното претставување се очекува во текот на декември.
Во подготовката на законот ќе бидат вклучени и експерти од Европската транспортна заедница, со цел да се искористат искуствата на поразвиените европски земји.
Според министерот, новиот систем ќе биде поправеден за возачите, бидејќи секој ќе плаќа само за растојанието што навистина го поминал, наместо фиксните тарифи што во моментов се плаќаат на наплатните рампи.
Извор: TV21 – Македонија




