Четврток, 19 ноември 2026 четврток, 19 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Македонија

Силен ветер над 80 км/ч и обилни дождови – нестабилно, но натпросечно топло време до крајот на неделата

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 - Македонија
Фото: TV21 - Македонија

Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Извор: TV21 – Македонија