Нетанјаху: Израел не е поразен, ние продолжуваме да се бориме

Израел не беше поразен и покрај неописливата тага предизвикана од нападот на Хамас минатата година, туку ги дефинираше целите на војната што сега ги постигнува, изјави денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху по повод годишнината од нападот на палестинската милитантна група јужно од Израел.

„Заедно застанавме да ја одбраниме нашата земја, да ја одбраниме нашата татковина. Ги дефиниравме целите на војната и ги постигнуваме – соборување на владеењето на Хамас; враќањето дома на сите наши заложници, и живи и мртви, е света мисија која нема да ја пуштиме додека не ја исполниме; спречување на каква било идна закана од Газа за Израел; и безбедно враќање на жителите од југот и северот во нивните домови“, рече тој.

Нетанјаху истакна дека Израел се стреми да „донесе светлина“ на целиот свет, додека израелскиот народ „се стреми да шири добро и да го искорени злото“, пренесува Тајмс оф Израел.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ