Четврток, 12 ноември 2026 четврток, 12 ноември Струга 20°C Струга 20°C Пријави вест
Свет

Нов земјотрес ја стресе Турција

Објавено: · 1 мин читање
Нов земјотрес ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на 19 километри од Малатија, на истокот на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

ЕМСЦ на Твитер објави дека земјотресот се случил во 7:50 часот по локално време.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси во Турција и Сирија во понеделникот.