Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 16°C Струга 16°C Пријави вест
Македонија

Од полноќ пониски цени на горивата

Објавено: · 1 мин читање
Од полноќ пониски цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на горивата. Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, после полноќ новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.