Општина Струга ќе издвои вкупно 600.000 денари од буџетот за помош на загрозените подрачја од земјотресот во Турција и Сирија.
Таква одлука донел Советот на Општина Струга на денешната вонредна седница.
Одлуката, како што информира за МИА претседателката на Советот, била донесена едногласно од сите 27 советници.