Унгарскиот премиер Виктор Орбан верува дека ЕУ започнала „економска студена војна“ со Кина, додека лидерите на Унијата се подготвуваат за клучното гласање за воведување царини за увоз на електрични автомобили од кинеско производство.
Орбан изјави за унгарското државно радио дека она што сега Брисел ги принудува своите членови да го прават против Кина е „економска студена војна“.
Унгарскиот премиер, кој го предводеше притисокот да се донесат кинески фабрики за електрични автомобили и батерии во земјата, рече дека Унгарија не сака да биде ограничена од ниту една страна, туку сака да ја продолжи трговијата со двете страни.
Тој оцени дека ќе биде сè потешко да се продаваат производи произведени во ЕУ доколку светската економија се подели на два блока и дека не е јасно дали Унгарија може успешно да продолжи да ја спроведува својата стратегија за „економска неутралност“, пренесува Банкар.
Членките на ЕУ денеска ќе гласаат дали во следните пет години ќе воведат царини до 45 отсто за увоз на електрични возила од кинеско производство.