Болестите на срцето и крвните садови и во текот на 2025 година остануваат водечка причина за смртност во Северна Македонија. Според Државниот завод за статистика, од вкупно 20.287 починати лица, 6.888 ги загубиле животите како последица на овие заболувања, што претставува 34 проценти од вкупниот број случаи, пренесува ТВ21.
Од вкупниот број починати мажи, 3.354 починале како последица на болести на циркулаторниот систем.
Според здравствените препораки, високиот крвен притисок често не е проследен со симптоми, поради што редовното мерење е особено важно.
Кога се потребни лабораториски анализи, осигурениците можат да ги направат во лаборатории кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување, согласно правилата за партиципација.
Болка или стегање во градите, отежнато дишење, ладна пот и болка што се шири кон раката или вилицата можат да бидат знаци на срцев удар.
Исто така, спуштање на едната страна од лицето, слабост на едната рака и нарушувања во говорот можат да укажуваат на мозочен удар.
Извор: TV21 – Македонија




