– На 27-ми февруари 2025 година, во 17:15 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, од крстосница за селото Пискупштина кон селото Луково, струшко, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишно лице од струшкото село Делогожда, и патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишно лице од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 46-годишна сопатничка од возилото „Фолксваген голф“ од стршкото село Делогожда. Со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, 73-годишна жена од селото Делогожда, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот Центар во Струга. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.