По директен судир на две возила попладнево, на влезот од Струга, едно возило заврши во Охридското езеро, а друго го блокираше патниот правец.
Ова е втора сообраќајна несреќа, на само 200 метри на истиот патен правец.
Тоа се наоѓа на само 200 метри од втората сообраќајна несреќа.
Причината и за двете сообраќајни несреќи засега се непознати, нејасно е и дали има повредени лица.
На терен се наоѓаат полициски службеници кои го регулираат сообраќајот, а во тек се и анализи за утврдување на причините и одговорноста за сообраќајните несреќи.
Поради одржување на Преспа Форумот и зголемениот број на гости во Струга формирани се километарски колони за влез и излез од градот, практично целиот соообраќај на овој дел од Македонија е блокиран.
извор:4NEWS.MK