Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија речиси две години, изјави дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија, што е уште еден пример за заострување на неговите услови за притвор. Во порака испратена до неговите адвокати и објавена денеска на социјалните мрежи, Навални рече дека управата на затворот, на околу […]
Вооружени лица киднапираа повеќе од 30 луѓе во напад на железничка станица во јужна Нигерија, соопштија денеска полицијата и локалните власти. Киднапирањата се вообичаени во Нигерија, особено во северозападните и централните делови на најнаселената африканска земја. Во март 2022 година, вооружени напаѓачи разнесоа дел од железничката пруга меѓу главниот град Абуџа и Кадуна на север. […]
Папата Франциск денеска го осуди изрекувањето смртни казни во Иран на лица кои се осудени во судски процеси поврзани со антивладините демонстрации „на кои се бара поголемо почитување на достоинството на жената“. Во своето годишно обраќање пред амбасадорите во Ватикан, папата рече дека противењето на Ватикан за абортусот е како и неговото противењето на смртната […]
Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, најавуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м2). Од утре попладне врнежите од […]
Болниците во Шкотска се „речиси целосно полни“, со пополнетост на кревети над 95 отсто минатата недела, соопшти шкотската премиерка Никола Старџен и нагласи дека службите се соочуваат со притисоци „без преседан“. Потребата за болнички кревети е зголемена од „вонредните“ нивоа на зимски грип, зголемените стапки на инфекции со Ковид-19 и случаите на стрептокока А. Старџен рече дека треба да се направи повеќе за да се спречи непотребното […]
Четири автомобили биле украдени во една иста вечер на хрватскиот остров Брач, а главниот актер бил 22-годишен државјанин на Македонија, кој по завршување на кривичната истрага бил уапсен и притворен, информираат хрватските медиуми. Сплитско-далматинската полиција соопшти дека против 22-годишникот ќе спроведе истрага во Полициската станица Брач. Тој е осомничен дека ноќта на 7 јануари украл […]
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80,5 […]
Унгарија ја отстрани војската од границата со Србија и чувањето на тој простор и го довери на новоформираната полициска единица наречена погранични ловци. Според порталот Балканска безбедносна мрежа, јужната граница на Унгарија од Нова година ја надгледува нова единица на граничната полиција, која се состои од персонал под договор, наместо од вооружените сили. „Заврши седумгодишниот […]
Поморскиот сообраќај во Суецкиот Канал денеска се нормализира откако реморкери го одвлекоа товарниот брод кој се расипа при транзит од Средоземното Море до Црвеното Море. Се веруваше дека дефектот ќе предизвика само мали доцнења и дека конвоите на бродови ќе продолжат да работат редовно до 11 часот по локално време, но на крајот четири реморкери […]
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината и дека треба да ги решат работите поврзани со минатото на најдобар можен начин. Дачиќ, кој го посети Загреб во пресрет на Божиќ со цел да ги затоплува односите меѓу двете […]