Борисов по консултациите со Радев: Нема да бидам кандидат за премиер

Нема да бидам кандидат за премиер, изјави денеска претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по завршувањето на консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев.

-Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет, појасни Борисов.

ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет.

-Убеден сум дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили -ГЕРБ-СДС, од една, и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, од друга страна, , додаде лидерот на ГЕРБ.

Притоа поранешниот бугарски премиер по средбата со претседателот Радев истакна дека „секој кој ја сака државата мора да направи компромис“.

-Омразата што ја видов во парламентот меѓу другите партии ме потсетува на она што беше против нас пред две години, рече Борисов, потенцирајќи дека оваа омраза никаде нема да ја однесе Бугарија и затоа повика на трпение и внимание.

Шефот на државата, Румен Радев, претходно денеска одржа консултации со ГЕРБ-СДС и притоа тој посочи дека најголемата одговорност за формирање влада сноси најголемата политичка сила во Собранието.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *