Косовскиот премиер Албин Курти објави денеска дека Косово официјално поднесе кандидатура за организација на Медитеранските спортски игри под слоганот „Приштина 2030“. Курти, по состанокот со претседателот на Олимпискиот комитет на Косово, Исмет Красниќи, рече дека организацијата на Медитеранските игри 2030 ќе биде „историски момент во развојот на локалниот спорт“, но и повеќе од тоа, бидејќи […]
Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска, во интервју за Танјуг на прашањето дали Црна Гора ќе ја разгледа одлуката за приклучување кон Отворен Балкан, изјави дека тоа е нешто со кое треба да се занимава идната влада, што, како што вели, ќе биде резултатот на новото свикување на Парламентот на Црна Гора, јави […]
Поранешниот пратеник од Златна Зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање криминална организација, се обидува да најде начин да го заобиколи новиот закон што може да го блокира учеството на неговата партија на претстојните парламентарни избори во Грција и со друг партиски претседател да се најде на гласачките ливчиња, јави дописничката на МИА […]
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е во редовен контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, Џампјеро Романо, оценувачи дека „сè што правиме заедно е засновано на барањата на Србија и е приспособено на нејзините потреби“, јави дописникот на МИА од Белград. -Србија избира во кои […]
Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, денеска го повика претседателот на државата и Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, да го каже точниот датум кога ќе се одржат вонредните белградски и вонредните парламентарни избори, истакнувајќи дека „Србија е на пресвртница“, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓилас на прес-конференција потсети дека […]
Поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за злосторства во Косово и Албанија, денеска пред судот во Хаг, негираше дека ОВК тргувала со човечки органи на затвореници во 1999 година и повтори дека не е виновен за делата во обвинението. – Светот сега знае, како резултат на овие процеси, дека немало трговија со органи и […]
Околу 5 часот и 30 минути автобусот кој превезувал работници од Крагуевац за Рача излетал од патот. Според првичните информации полесно се повредени 18 патници. Според изјавите на очевидци, возачот изгубил контрола и возилото се лизнало во каналот покрај патот, пишува „Данас“. Интервенирале три екипи на итната помош од Крагуевац, при што според првичните информации […]
Поблаг земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала ноќеска во 0:25 часот ја погоди околината на Крагуевац во Србија. Епицентарот бил на 20 километри западно од овој град, на длабочина од околу 15 километри. Засега нема информации за материјална штета. „Кратко тресење“, „Добро се чувствуваше“, се дел од коментарите на страницата ЕМСЦ.
Официјализирање на бракот за сите парови, без разлика на полот и правото да имаат деца, доколку СИРИЗА дојде на власт, најави лидерот на партијата Алексис Ципрас во неговата видео порака за време на настанот организиран од ЛГБТ+ групата во партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас рече дека за актуелниот грчки премиер „иако се декларира […]
Новинарските синдикати на РТВ Словенија денеска со 24-часовен штрајк ќе ги засилат протестните активности против раководството назначено од претходната влада. Штрајкот првично беше планиран на 24 јануари, но беше одложен откако раководството понуди интензивирање на преговорите. Штрајкувачкиот комитет соопшти дека е подготвен да преговара, но нема да ги запре плановите за штрајк. Во координацијата на […]