Копилотот загина, а продолжува потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што утрово се урна во Јонското море, објавија грчките медиуми. Новинската агенција АНА-МПА, пренесувајќи соопштение од Генералштаб на военото воздухопловство, пишува дека во падот на авионот животот го загубил 29-годишниот копилот, а продолжува потрагата по 31-годишниот пилот. Според истите информации, […]
Шефицата на пратеничката група на движењето Самоопределување, Мимоза Кусари денеска изјави дека Владата на Косово не е во конфликт со САД во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО). – Владата на Република Косово не е во конфликт со САД и никогаш не била. Можеби имаме различни мислења во однос на процесот на […]
Приватните дознаки од странство и плаќањата од странство на име надоместок на вработените изнесуваат 7,2 отсто од Бруто домашниот производ (БДП) на Србија во 2021 година, објави европската статистичка служба Евростат. Во однос на учеството на дознаките од странство во БДП, главно пари испратени од српските граѓани во дијаспората, Србија е меѓу последните од земјите […]
По повод 75-годишнината од универзитетската настава по македонски јазик и литература во Србија, денеска во Музејот на обединувањето во Нови Сад беше претставен Речникот на македонските глаголи на авторот Жарко Бошњаковиќ, чие објавување е поддржано од покраинската влада, пренесува Бета. Како што соопштија од Кабинетот на покраинскиот премиер Игор Мировиќ, поддршката за оваа публикација покажала […]
Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, посочија дека е време да се формира Заедница на општини со српско мнозинство и дека тоа е правно обврзувачка меѓународна обврска. Шоле и Ескобар, во авторски текст за приштинска Коха, објаснуваат како би изгледала Унијата и наведуваат дека […]
Јасна перспектива за членството на Србија во Европската Унија, инвестиции во енергетскиот сектор и ослободување од зависноста од Русија во таа област, доаѓање на американски и европски компании се дел од она што Србија би можела да го очекува ако се согласи со предлогот на Западот за решавање на косовското прашање, пишува денеска истражувачко-издавачкиот центар […]
Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година. По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со Партијата за единство и заштита на човековите права на Вангел Дуле, инаку партија на Грците […]
Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман денеска е во посета на Хрватската куќа во Суботица и хрватската заедница на северот на Војводина и порача дека неговото доаѓање е можност да се разговара со претставниците на Србија за добрососедските односи меѓу двете земји. По посетата на Хрватскиот национален совет, министерот Грлиќ Радман ќе разговара со […]
Бугарската собраниска Комисија за надворешна политика, на нејзината последна седница, едногласно усвои декларација, која треба да се стави на гласање на пленарна седница, а во која се изразува осуда поради „актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации“. Со декларацијата се осудува и насилството врз Христијан Пендиковски. Во документот што го објави БГНЕС, се […]
Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат. Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој […]