Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО). „Еуроњуз“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки […]
31/01/2023
Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас денеска соопштил дека ќе отсуствуваат од гласањата во Парламентот и уште еднаш го повикал актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис веднаш да распише избори, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Ципрас, поради скандалот со прислушувањата, побарал Парламентот веднаш да се распушти и да се одржат избори за најмалку три седмици, […]
31/01/2023
Во Албанија во тек е акција за демонтирање на камери тајно поставени на јавни места од страна на криминални групи за да се следи движењето на полицијата. – Во рамки на акцијата „Криминални нишки“, полицијата во Тирана до сега демонтира и заплени 155 безбедносни камери поставени од криминални групи. Поради тоа, под истрага се 37 […]
31/01/2023
Западен Балкан е познат по слабиот отпор кон организираниот криминал, државите бавно го решаваат тој проблем, а институциите сe уште немаат соодветни ресурси и независност, оценува меѓународната организација „Транспаренси интернешнал“ во извештајот за перцепција на корупцијата во јавниот сектор за 2022 година. Од земјите од регионот на глобалната листа најдобро е рангирана Црна Гора, најголем […]
31/01/2023
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот. Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната […]
31/01/2023
Извештајот на српската Влада за преговарачкиот процес со Приштина е доставен до пратениците, соопшти Парламентот во Белград, јавија српските медиуми. „Извештајот за преговарачкиот процес со институциите на привремената самоуправа во Приштина“ што Владата на Србија го достави до пратениците, се однесува на периодот од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година, објавен е […]
31/01/2023
Потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што вчера се урна во Јонското море, траеше во текот на ноќта, а продолжува и денеска, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“. Несреќата се случи вчера наутро, од засега непознати причини, а животот го загуби 29-годишниот копилот, чие тело беше пронајдено вчера. Во потрагата по […]
30/01/2023
Најголемото албанско пристаниште Драч е подготвено да го започне процесот на изградба откако попладнево Владата и компанијата „Игл Реал Естејт Девелопмент“ го потпишаа конечниот договор со кој се завршени сите законски процедури, јави Топ чанел. Вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку рече дека ова е најголемиот проект во албанската економија со инвестиција од 2 […]
30/01/2023
Албанските иселеници редовно им испраќаат пари на своите семејства во Албанија, кои минатата година достигнале 1,1 милијарда евра. Тие сочинуваат 10 отсто од бруто домашниот производ(БДП) или колку што изнесуваат директните странски инвестиции. Италија е главниот извор на емигрантски дознаки во Албанија, земјата од која доаѓаат околу 25 отсто од парите, а потоа следат Велика […]
30/01/2023
Копилотот загина, а продолжува потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што утрово се урна во Јонското море, објавија грчките медиуми. Новинската агенција АНА-МПА, пренесувајќи соопштение од Генералштаб на военото воздухопловство, пишува дека во падот на авионот животот го загубил 29-годишниот копилот, а продолжува потрагата по 31-годишниот пилот. Според истите информации, […]