Патниците кои доаѓаат од Кина ќе мора да прикажат негативни тестови за Ковид пред да влезат во Шведска, одлучи шведската влада. „Утринава шведската влада одлучи да воведе привремени ограничувања за влез од Кина во Шведска“, изјави денеска министерот за здравство Јакоб Форшмед. Групата за интегрирана политичка реакција на Европската унија вчера препорача земјите-членки да воведат […]
Американскиот гигант за онлајн трговија Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврди извршниот директор Енди Џеси. Откако веста за отпуштањата протече во јавноста, Џеси ги потврди шпекулациите во објава на веб-страницата на Амазон, велејќи дека разговорите со погодените работници ќе започнат на 18 јануари и дека ќе им бидат понудени отпремнини, како и […]
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека, според податоците на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19. ЦДЦ на Кина ги претстави податоците во вторникот на состанокот на Техничката советодавна група на СЗО за еволуцијата на вирусот. Беше посочено дека за време на состанокот кинеските […]
Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуват денеска во Ватикан на погребот на упокоениот папа Бенедикт Шеснаесетти. Церемонијата ќе ја води актуелниот папа Франциск. Според најавите, самата церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти. Најавено е присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија ќе […]
Силно невреме уште наречено циклонска бомба донесе обилни дождови и силни ветрови во американската сојузна држава Калифорнија. Десетици илјади домаќинства останаа без струја, а патиштата се затворени, пренесоа светските агенции. Најпогодени се областите во Северна Калифорнија, околу Сан Франциско и Сакраменто. Тамошните власти ги предупредија луѓето на ризик од поплави и лизгање на земјиште, стравувавајќи […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа причина зошто западните партнери не би требало да испорачуваат тенкови на Украина. – Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Ова испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: не постои рационална причина зошто западните тенкови се уште не се испорачани на Украина, […]
Полека, но сигурно се формира нов светски енергетски поредок, во кој доларот нема да биде доминантно платежно средство, пишува „Фајненшл тајмс“. Подготвеноста на Кина да се префрли на купување нафта од земјите од Персискиот Залив во јуани води кон формирање на нов светски енергетски поредок, според „Фајненшл тајмс“. Пред 77 години, американскиот претседател Френклин Делано […]
Долниот дом на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом, се уште е без претседател по неуспехот на четвртиот круг гласање. Раздорот во редовите на републиканците засега не дозволува да биде избран фаворитот Кевин Мекарти. Ова е првпат во последните 100 години претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да не биде непречено избран.
Филипинскиот министер за внатрешни работи Бенјамин Абалос Јуниор денеска соопшти дека побарал од сите полициски генерали и полковници да поднесат оставка поради сомневање за вмешаност во трговија со дрога. „Околу 300 полицајци се опфатени со директивата, што беше препорачано од шефот на националната полиција, кој исто така ќе поднесе оставка“, рече Абалос на прес-конференција. Тој […]
Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и ГПС уредите. Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила вчера. До крајот на неделата очекуваат […]